Украдените икони од струшко, вратени од Албанија во земјава, нема да се воздигнуваат во црковните храмови. Заради безбедносни причини тие нема да се враќаат во верските објекти во напуштените села. После десет години административен процес 20 украдени икони, откриени во Тирана се вратени во земјава, но тие веднаш треба да се конзервираат поради несоодветно чување.
-„Воочивме некои процеси кои се веќе ретроградни, црвојадината е присутна кај повеќето икони што ги видовме. Така да тие процеси треба сега да се санираат, да подлежат под еден систем на конзервација, процес кој ќе трае до година дена бидејки сепак се работи за 20 тина икони“, вели Сашо Цветкоски од Истражувачкиот центар за културно наследтсво при МАНУ.
На иконостасите во ограбените цркви поставени се копии од вредните икони, за кои во иднина ќе се размислува дали ќе бидат депонирани или изложени под безбедносни мерки. Во меѓувреме отпочна и втор порцес за враќање на останатите 36 идентификува икони во Албанија.
-,Тие воглавно се сите од малореканските села од Тресонче, од лазарополе, има и од Дебар. Ние веќе целосната документација ја подготвивме и званично испративме барање и го официјализиравме вториот проект за враќање на иконите“, додава Цветкоски.
Од 2008 до 2013 гдоина беа украдени 500 вредни икони, пртежно од струшко-дебарскиот и реканскиот регион во Југозападна Македонија. Станува забор за непроценливо кутлурно богатство, кое се претпоставува дека завршило на црните европски пазари.
Новинар Соња Рилковска