Ученици од угостителскиот сектор од бивша Југославија на Меѓународен натпревар во Охрид

Расте интересот за угостителско -туристичките струки, кај учениците, но, потребен е посериозен пристап за стимулирање и задржување на најдефицитарниот кадар на пазарот на трудот.
Да се мотивираат младите за вработување во угостителскиот сектор преку зголемување на платите, редовен работен однос и ценење на струката.

Изминатава летна сезона, поради недостиг на стручен кадар, кој редовно заминува во странство, поголемиот дел од учениците беа сезонски ангажирани во хотелите и рестораните.

Нема достапен опис.

-„Оваа година и Регионалниот центар бележи раст на бројот на ученици што е малку подобро од претходните години и се надеваме дека тој позитивен тренд ќе го задржиме и во следните години. Овој кадар знаеме дека е дефицитарен меѓутоа со доста работа, труд, вложување и стимулирање на учениците да се запишуваат што повеќе во секторот туризам“, вели Марјан Радески директор на Регионaлниот центар за средно стручно образование “Ванчо Питошески”- Охрид.

Нема достапен опис.

Иста е состојбата и во бившите југословенски простори. И таму недостигаат келнери, готвачи, шанкери.

„Моментално во Словенија состојбата е многу критична во однос на кадарот во угостителството и туризмот. Се помалку и помалку ученици ги избираат овие профили. Причина е тоа што се уште недоволно се ценат овие професии, вели Славица Штерк професорка од Словенија.

Нема достапен опис.

Најдобрите ученици од 15 угостителско туристичките училишта од Бивша Југославија овој викенд учествуваат на единаесеттиот Меѓународен натпревар, каде се готвеа рибни специјалитети.

-„Се гледам овде во Македонија, се надеваме дека ќе успееме во тоа што го работиме“ вели Филип Јордановски ученик.
-„И платата има многу голема улога во работата да не се работи без пари , да бидеме добро платени“, вели Христијан Крчов ученик.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани