ФОТО: Отворени денови за промоција на голфот во Охрид

Отворени денови за промоција на голфот во Охрид. Викендов  заиграа палките и топчињата. Голем број млади и деца беа дел од овој хепенинг. Главниот туристички центар неодамна ги  доби првите  уредени голф терени во земјава.

Нема достапен опис.

Терените на површина од 3,5 хектари се изведени од Општина Охрид, а Министерството за локална самоуправа обезбеди 5,7 милиони денари за доуредување на просторот на кој се направи голф драјв ренџ, мало голф игралиште со 6 дупки и голф академија. Набавена е и опрема, колички за голф и апарати за голф топчиња. Иницијатори на овој значаен проект за градот се членовите на голф клубот од Охрид кои велат голфот е спорт кој може да се практикува од 7 до 77 години.

Нема достапен опис.

-„Голф клуб Охрид организира еден хепенинг го нaрековме Отворени денови за голф на кои сакаме да направиме мала демонстрација на вештините за голф кај луѓе кои не се голфери. Да го приближиме овој спорт и кај младите и кај возрасните, бидејќи голфот  е единствен спорт што може да се практикува од 7 до 77 години. Наменет е за сите. Целиот хепенинг се одржува на терените на општина Охрид кои ја поддржаа нашата  иницијатива пред неколку години, видоа дека има потенцијал и дека на Охрид му треба ваква понуда бидејќи голфот е еден од десетте најраспространети спортови со играчи низ светот“, вели Михајло Арнаудов, член на голф клубот ЦЖГ Охрид.

Нема достапен опис.

На Охрид му требашe една ваква приказна во туристичката понуда за привлекување поголем број туристи, сметаат од охридскиот голф клуб.

Нема достапен опис.

-„.Веќе ни се јавуваат туристи секојдневно, прашуваат кога ќе започне со работа. Континуиран интерес има и од хотелската заедница и заедницата на издавачи во Охрид, па и од целиот угостителски сектор со цел ова да биде уште една можност која ќе ја промовираат и нудат“, вели Александар Гоџо од охридскиот голф клуб.

Нема достапен опис.

Љубителите на овој спорт велат дека првиот голф терен во државата кој е направен по сите стандарди ќе им овозможи постигнување на далеку подобри успеси.

-„Ние сме искрено премногу задоволни и благодарни на Голф клубот Охрид и градот Охрид што направија вакво место за да  можеме ние љубителите на голфот дојдеме и  да ги тренираме ударите и вештините на овој спорт.Благодарни сме што конечно во македонија имаме парче змеја кде што ќе можеме да ги тренираме вештините. Како што гледате има доста млади заинтересирани за овој спорт “, вели Роберт Марковски, член на Македонската голф федерација.

Нема достапен опис.

Со голф терените ќе стопанисува ЈП Билјанини извори, а свечено отворање е најавено кон крајот на месец септември.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани