Со песни за голема Албанија и развеано знаме на голема Албанија ОУ „Гоце Делчев“ во струшко Подгорци, завчера го одбележа Денот на Албанското знаме.
На фотографиите кои се споделија на социјалните мрежи остра реакција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.
-Доста е премолчување заради мир во куќата. Доста глумите лажно пријателство. Очигледно е дека, во тоа име, некој некого лаже. Паѓаат маските на фарсата наречена „Едно општество за сите“, не заради неможноста да постои, туку заради лицемерието кое го криете зад таа идеја. Резултат од сето тоа е подметнувањето на кукавичиното јајце.
Свесни ли сте дека сеете раздор и омраза?
Свесни ли сте дека создавате нови и подлабоки поделби?
Што е крајната цел?
Се чини дека одговори не се потребни. Можеме да ги претпоставиме.
Трагикомично е кога интелектуално џуџе ќе посака да стане џин. Кога некој треба да
одработи нешто валкано, без да ги знае последиците што можат да му се урнат врз глава. Свесни
ли сте дека е сквернавење тоа што во основното училиште во село Подгорци, Струга именувано по великанот Гоце Делчев пеете за Голема Албанија, мавтајќи со знаме на кое се исцртани границите на големоалбанските шовинистички аспирации? Му кажал ли некој на организаторот дека тоа е казниво? Ако никој не му кажал, еве, ние му кажуваме. Ќе му кажеме уште дека само функциите што ги извршува се партиска заслуга, а дека платата и сретствата наменети за училиштето ги добива благодарение на даноците што некој ги плаќа во Македонија, дека Македонците не се среќни кога ќе видат ваква прослава со
иконографија постара од еден век. Од неговите постапки, во предизборната кампања, ќе има со што да се пофали министерот за образование и наука, бидејќи услови за работа и учебници за
реформираното образование не успеа да испорача. Во иднина, пред некого да обвините за национализам, освежете ја меморијата со фотографиите на кои се гледа вашиот „космополитизам“, објавија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.
Денот на Албанското знаме го добележаа повеќе институции во земјава, но сегде се вееше Албанското знаме, а не знамето на Голема Албанија.
Во ОУ„Гоце Делчев“ во струшко Подгорци настава на албански јазик учат само 6 ученици а 259 ученици следат настава на македонски јазик.
ОУ„Гоце Делчев“ во струшко Подгорци е познато и во минатото по повеќе снакдали, пред десеттина години медиумите обзнанија дека бистата на великанот Гоце Делчев е обезглавена, а надлежните наместо да ја поправата статуата со главата ја чуваат во подрум.
Повеќе фотографии и видеа од прославата на овој линк