Даночните реформи ќе бидат дополнително оптеретување на хотелско туристичкиот сектор. Компаниите после двегодишни загуби во пандемијата за прв пат годинава очекуваат позитивно салдо за закрепнување, но зголемувањето на даночните стапки ќе значи нов товар и уназадување, велат од хотелската асоцијација.
Кризата во туристичката индустрија се уште се чуствува. Не е време за даночни реформи, сметаат од ХОТАМ.
-Мислам дека сега не е моментот да се донесат овие закони за тоа што уште индустријта не ни е на здрави нозе како што треба. Имаме секојдневни поскапувања, од сите аспекти и ова сега ќе биде еден капак од горе, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Даночните реформи ќе ја зголемат сивата економија во туристичката индустрија. Компаниите ќе се обидуваат да затајуваат даноци, некои ќе ставаат клуч на врата.
Ќе значат само зголемување на сивата економија, многу фирми помали што ќе може да кријат ќе кријат, поголемите фирми кој што не може тоа да го прават ќе треба да доработуваат и да плаќаат за нив. Значи со други зборови пак не е сразмерно, вели Блажески.
Според ХОТАМ, хотелско- туристичката индустија како најпогоден сектор во пандемијата, годинава закрепнува, но даночните реформи треба да почекаат подобри времиња.
Новинар Соња Рилковска