Во Света Софија концерт на хорот Прво Белградско пејачко друштво

Со благослов на Српскиот Патријарх г.Порфириј и Неговото Високопреосвештенство Митрополит дебарско-кичевски г.Тимотеј, во катедралата Св.Софија во Охрид синоќа беше одржан концерт на кој настапи хорот ПРВО БЕОГРАДСКО ПЕВАЧКО ДРУШТВО.

-Присутните , почитуваното свештенството од двете братски цркви и почесниот конзул на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид,имаа посебна чест,задоволство и привилегија да ги слушнат уникатните моќни гласови од виртуозните хористи,и да ги осетат емоциите од композициите на најпознатиот композитор Стеван Мокрањац. Хорот е формиран во 1853 год.и представува во исто време и историја на духовниот и културниот развој на Србија и регионот,воедно и еден од главните фактори за зачувување и одржување на Православието,како и сите заеднички културно -историски вредности кој цврсто не поврзуваат, напиша на својот фејсбук профил Почесниот конзул на Република Србија со седиште во Охрид Михајло Филев.

Можно е да е слика од 10 луѓе и Базилика на националното светилиште на безгрешното зачнување

Можно е да е слика од 9 луѓе

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани