Во организација на ОО на СБ од Струга, делгација предводена од претседателот на СБ – Струга, Ајредин Мемеди, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на градот. Во делегацијата беа приклучени и од општината Струга, од ЗП-Струга, претставници од општинските организации на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и почитувачите на делото на Тито и голем бриј граѓани од Струга и Струшко положија свежи цвеќиња на споменикот на револуцијата.
9 Мај е светски празник и неговото одбележување со други земји од антифашистичката коалиција претставува голема свеченост. И Република Македонија и Струга како дел од таа антифашистичка коалиција даде свој влог во победата над фашизмот, затоа и граѓаните од Струга и Струшко имаат голема заслуга за светскиот мир и треба да го празнува овој ден, историско значење на антифашистичката војна и 9 Мај – Денот на победата на Европа.

Во тешко извојуваната слобода на македонскиот народ, животите ги загубиле повеќе од 24 000 борци, од кои 163 –ца биле Стружани. Ристе Миладин член на претседателството на Сојузот на борци – Струга, со пригодни зборови на присутните ги наврати на спомените од втората светска војна, истакнувајќи: Да се памети но да не се повтори, Не се заборавија сеќавањата за Денот на Победта. Да се памети, но да не се заборави – истакна во завршните зборови Ристе Миладин, директен потомок по машка линија на Димитар Миладинов.
Струга го одбележа 9 Мај. Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, потврдувајќи дека во клучните моменти застанала на вистинската страна на историјата и низ антифашистичката борба ги потврдила сопствената државност и афирмирањето на македонската нација. Овој датум, несомнено, игра голема улога во поновата македонска историја и како симбол на македонските- европски перспективи и идното членство во Европската Унија, како крајна определба за демократски и европски вредности.
Девети мај е еден од оние датуми темелници на вистинските цивилизациски вредности. Денот на победата над фашизнжмот е одавање почит на милионите жртви згаснати во борбата против окупаторот, денот кога со гордост се потсетуваме дека сме биле, сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата. Настанот на свеченоста, односно протоколот го водеше потпретседателот на Сојузот на борците од општина Струга,Ванѓел наумоски.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
