Далматинко и Дедо Мраз ги израдуваа децата во Охрид.
-Со впечатлива новогодишна тематика, многу весела музика и шеги, театраскиот хит за деца „Далматинко и Дедо Мраз“ ги израдува дечињата и ги стопли срцата на возрасните. Преку својата професионална игра, актерите Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов, пренесоа прекрасни пораки за другарство, искреност и љубов. Празничната програма за најмладите на градскиот плоштад продолжува и денес со Музичко – театарскиот спектакл „Новогодишна детска бајка“ со почеток во 12:30 часот, информираат од општина Охрид.



