Денес почнаа градежните работи за санирање и реконструкција на шеталиштето кај Црн Дрим од десната страна на течението, со многу поквалитетни камени автентични мозаични плочки во споредба со сегашните поплочени плочи, кои се во лоша состојба.
-Предметниот проект има за цел да ја подобри состојбата за сите пешаци кои слободно и безбедно ќе се движат во овој дел, за локалното население и за туристите. Работите ќе продолжат со побрзо темпо, бидејќи во Струга ќе се одржат повеќе форуми и слични настани од меѓународен карактер.
Еден дел од ова шеталиште ќе има одреден временски режим, односно снабдување на бизнисите со стока, во утринските часови, додека во текот на денот и навечер тој дел ќе биде посветен за сите пешаци. Имено, нема да се гради пат за автовозила како што било порано, ниту еден од бизнисите лоцирани на булеварот нема да биде засегнат и терасите пред нив ќе останат такви какви што се, уредени со новите камени плочки што ќе се постават. Делот од шеталиштето што ќе биде уреден за снабдување со стоки ќе се контролира за влез и излез преку електронската бариера, на страната на реката Црни Дрим.
Апелираме до граѓаните кои се движат по овој булевар да внимаваат на градежните работи и големите машини, информираат од општина Струга.


