Изведена претставата „Тоа беше само игра“

Дождот не беше пречка за младите талентирани актери од Црвен крст Суботица, на вториот ден од Аматерскиот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“во магичниот амбиент на црквата Св.Софија, да имаат прекрасен настап и изведба на театарската претстава „Тоа беше само игра“.

Тие на сликовит и многу емотивен начин покажаа колку врсничкото насилство преку искажани зборови, постапки, навреди може негативно, па и фатално да влијае врз личноста, поединецот, но и целата заедница, упатувајќи силна и јасна порака за меѓусебна толеранција, почитување на различностите, љубов и соживот.
На третиот ден од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ охриѓани и гостите ќе имаат можност да го проследат настапот на театарската група од Црвен крст Крагуевац кои вечерва ќе ја изведат театарската претстава „ТВОЈАТА ГРЕШКА ЈА ЧЕКААТ“. Претсавата започнува во 20 ч., а поради лошите временски услови ќе се прикажува во затворениот дел во предворјето на црквата Св.Софија.
Влезот е слободен.

Social profiles