КУД Дримкол ја претстави македонската култура во Веспрем Унгарија

Вчера во Европскиот град на културата за 2023 година Веспрем, Унгарија, Културно Уметничкото Друштво ,,Дримкол” од Вевчани ја претстави Македонската култура преку одржување на концерт во центарот на Веспрем на плоштадот во стариот град. На концертот беа изведени песни и ора од различни етнички предели од нашата држава.

Нема достапен опис.

– За нас е чест што ја претставивме Македонија во Европскиот град на културата оваа година. Одлично сме пречекани во Унгарија и среќни што сите концерти кои ги одржавме беа посетени од многубројна публика со многу позитивни реакции. Во Унгарија одржавме три концерти во: Мохач, Осен и Веспрем. Оваа туренеа започна уште на 11 Октомври со концерт во градот Краљево, Србија кој го посветивме на одбележување на нашиот државен празник – изјавија  од Културното Уметничко Друштво ,,Дримкол” од Вевчани.

Проектот ,,Презентација на Македонската култура во Веспрем” е поддржан од Министерството за култура на нашата држава.

Social profiles