На 66 годишна возраст по кратко боледување, почина новинарот Симон Илиески од Охрид. Илиески важеше за еден од доајените на охридското новинарство. Професионалец и врвен новинар и дописник од регионот зад себе остави огомен број записи за весници, радио и ТВ куќи.
Илиески беше и претседател на регионалната канцеларија на ЗНМ, дописник за Канал 5 ТВ, дописник на Утрински весник. дел од тимот на Радио Охрид, локалните ТВ куќи ТВМ и НТВ, дописник на Радио Београд. Последните години од кариерата ги мина како портпарол на Општина Охрид.
Утре во 10 30 во општина Охрид ќе се одржи комеморација во чест на Илиески, а погребот ќе биде од 12 до 12 30 на градските гробишта во Охрид.
