Во Основниот суд во Охрид утрово беше закажано рочиште за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на сега затворениот бугарски клуб во Охрид Цар Борис Трети.
Судењето, беше одложено и презкажано за 1 декември поради барање на одбраната на второобвинетиот бидејќи се уште во целост ги немаат разгледано доказите кои што се ставаат на товар од страна на обвинителството и против второобвинетиот .
Во судницата беа присутни и оштетениот Пендиков , првообвинетиот во предметот Илија Спасески и второбвинетиот битолчанецот Борче Ангелов ,против кого е поднесено обвинение за нанесување тешка телесна повреда со соизвршителство.
„Не ми се познати доказите, јас примив покана само за предметот шротив Илија, така да потребно е време да се подготвиме да спремиме одбрана“, рече адвокатот Димитрија Цобовски.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид од надлежниот суд побара на 23-годишниот битолчанец, кој е второосомничен за нападот на Христијан Пендиков, привремено да му биде одземен пасошот и да му се забрани употреба на личната карта за преминување на државната граница.
Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид.
новинар Нина Аритоновска
