Струшкиот клуб „Караорман“ слави сто години постоење

Еден од нашите најтрадиционални клубови, струшки Караорман, кој има огромна традиција на фудбалско движење кај нас и во регионот, се соочува со големи егзистенционални проблеми. Второлигашот годинава слави стогодишнина, но се бори за преживее и опстане, бидејќи во клубот нема структури, фудбалери, тренери.

Имено, во последните две години од Караорман си заминаа преку триесет фудбалери, пет тренери, медицинскиот тим, па дури и економот. Во саботата во Гевгелија против Кожуф екипата отпатува едвај со петнаесеттина фудбалери, од кои скоро сите младинци, со исклучок на искусните Клечкароски и Келешоски. Екипата настапи и без тренер, а ја водеше претседателот во оставка.

Никој во Струга не реагира, клубот е оставен сам на себе и само поранешните легенди на Караорман и фудбалски вљубеници се обидуваат да го спасат славеникот во изумирање.

Малку клубови дочекале еден век постоење во нашата земја како Караорман и струшкиот клуб заслужува многу подобар третман, итна реакција и спасување на клубот. Спортските резултати во моментов не се многу важни – битен е само опстанокот.

Извор Гол.мк

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани