Циркулира вирусот АХ1 Н1, четириесеттина нови случаи на грип неделно во Охрид

Неделно во Охрид  се евидентираат по четириесеттина нови случаи на грип. Од центарот за јавно здравје велат ова е нереална бројка, голем дел од заболените се лекуваат дома не бараат лекарска помош. Заболените имаат класична кличинчка слика  висока температура, болки во грло, тело, малаксаност, стомачни тегоби и распираторни потешкотии.

Од декември до денес циркулира вирусот на инфлуенса тип А Х1Н1, а само кај еден случај е идентификуван  и Ковид 19.

– „Во овој период најпогодена беше возраста од 15 до 40 годин, тоа се ќе потенцирам лица кои не се вакцинирани сметаат дека се здрави со доволен имунитет, мегутоа вакцинацијата дава подобра заштита. Ова е вакцина која ја имаме години наназад и хронични болни да се кои се вакцинираат секако ќе имаат полесна клиничка слика од оние кои не се имунизирани. 0405 Во нашиот регион немавме така тешки случаи ниту пак имавме смртен случај ниеден сме немале“, вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска епидемиолог.

Интерес за вакцинација против сезонски грип покажуваат само хронилно болните и постарите лица. Иако вакцината е безбедна и препорачана и од СЗО,  бремените жени воопшто не се вакцинираат.

– „Многу мал е процентот на лица кои што се вакцинираат од страна на здравствениот персонал, младите лица, и бремените жени. Бремена ниту една жена немаме вакцинирана, без оглед што СЗО препорачува да се дава и на бремените жени. Вакцинирани се 2602 лица, преку мој термин со бесплатна вакцина и уште 50 лица со коемрцијална вакцина лица кои не ги исполнуваат условите за бесплатна вакцина, додава Коровешоска.

Епидемиолозите препорачуваат да се вакцинираат сите граѓани во периодот од октомври до ноември. Да се конзумира здрава храна, повеќе течности, физичка активност и прошетки на чист воздух.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани