100 милиони евра од ИПА за прекугранична соработка

Сто милиони  евра  од ИПА компонентата за прекугранична соработка на располагање на Македонија и Албанија.

Министерот за локална самоуправа ги повика општините и невладини организации преку добри проекти да ги искористат овие средства најдоцна до 2020 година.

-„Очекуваме дека ќе има добр проетки. Соработката е одлична освен тоа што ни ги подобрува односите меѓу нашите држави ова ќе помогне и  да се развијат нашите прекугранични места“, вели Сухејл Фазлиу министер за локална самоуправа.

Фазлиу ги повика новите  локални власти  на соработка, без оглед на политичката припадност.

– „Да го подобриме квалитетот на животот во нашата држава и еднаш засекогаш да ја  извадиме политиката од институциите и од општините да можат да функционираат попрофесионално и оечкувам од новите градоначалници повеќе да бидат посветени на професионалната работа отколку на политичкиот ангажман“ , вели Фазлиу.

Од 2014 година до денес   за прекугранична соработката двете земји искористија околу 5 милиони евра, а беа реализирани вкупно 50 проекти од областа на туризмот, животната средина, инфраструктурата, културата  и слично.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани