На 16.10.2017 година околу 11,00 часот во с.Ново Село-струшко, во куќата сопственост на Г.И.(32) од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која се здобила со изгореници.
Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирана во болница во Скопје, но пред Кичево состојбата и се влошила, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14,20 часот починала. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со Јавен обвинител телото на починатото девојче е предадено на семејството за погреб.