12 километри потонати мрежи извадени од дното на Охридското езеро

По барање на Хидробиолошкиот завод нуркачите од НК „Амфора“ го вадат потонатиот риболовен алат од дното на Охридското езеро.

Потонатите мрежи на поголеми длабочини се вадат со специјални лифтови на бродот од Хидробиолишкиот институт Охрид. 

Досега од дното на езерото извлечени се околу 12 км  рибарски мрежи, но се претпоставува дека на дното лежат стотици километри потонат рибарски алат. 

-„За жал во Охридското езеро имаме многу многу беста каде што има мрежи, кои прават огромни проблеми на рибите. Рибите честопати заглавуваат во нив на дното на езерото и изумираат.Ќе продолжиме со вадење на потонатите мрежи со цел да ја намалиме опасноста од измумирање на риби“, појаснува Милутин Секулоски нуркач. 

Потонати мрежи ги има на стотици локации и претставуваат потенцијална опасност за ендемичните видови риби. особено затоа што ги има на места каде што се мрести пастрмката.

Ќе мора да биде набавена нова опрема за вадење на потонатиот риболовен алат во поголемите длабочини над 45 метри длабочина, најавија од Хидробиолошкиот институт. 

-„Итно  е да се продолжи со овој проект наречен Отстранување на заборавен или напуштен рибарски алат од дното на езерото.Минситерството веќе има предвиденос редства за овие проекти, но потребна е нова опрема за пронаоѓање и вадење на мрежите кои е потопени на многу поголеми длабочини каде нуркачите немаат пристап“, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт Охрид. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани