Официјалната средба Димитров- Коѕијас

Утрово   во Охрид започнува официјалната средба Димитров- Коѕијас.

Во 9 часот е закажан почетокот на официјалната средба на македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. Очекувањата се дека утрешната средба и трета рунда преговори  iможе да ги приближи ставовите на двете страни околу спорот со името. Инаку,грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас,вчера  попладнево околу 17 часот со грчки владин авион слета на аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид.

Министерот Коѕијас синоќа  имаше  работна вечера со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров кој, беше во состав на делегацијата која го пречека Коѕијас на Охридскиот аеродром.

Министрите  вечераа во еден  ресторан во центарот на градот и имаа неформални разговори. Официјалната средба е закажана за денес  а на неа  се очекува прогрес и значително приближување на ставовите околу спорот со името.

 

Social profiles