2017 низ волшебните фотографии на Лидија Стефаноска

Охрид е непресушна инспирација за фотографите. Секој миг, лете, зиме, есен, пролет и со облаци и со сонце, и во самрак и во зори Охрид  е магичен. 

 Охриднет Ви ја пренесува 2017 низ објективот на фотографот Лидија Стефановска. По вокација воспитувачка, пишува поезија и проза, а  вљубена е во фотографирање.

-„Љубовта кон фотографијата е мислам од секогаш присутна. Од оваа година сум член на фото- клубот од Охрид и со нив имам две излложби, една во Центарот на култура и една во вила Мал Свети  Климент“, вели Стефановска за Охриднет.

На крајот од 2017 издвојуваме дел од богатата  архива на нашата фотографка. Уживајте! 

 Лидија ти благодариме на волшебните фотографии! 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани