2023 та успешна туристичка година, имало вкупно 1.168.730 туристи

Изминатата 2023 година исклучително успешна на полето на туризмот.

Земјата ја посетиле 734.139 странски туристи, и 434.591 домашен турист. Така, според податоците од Државниот завод за статистика, лани во земјава имало вкупно 1.168.730 туристи.

Податоците покажуваат дека во 2023-та вкупниот број на туристи е за 20,6 проценти поголем отколку во 2022-ра година. Притоа, бројот на домашните туристи е речиси ист, односно зголемен за 0,6 проценти, додека бројот на странските туристи е зголемен за дури 36,6 насто.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани