Јавен повик за избор на организација која ќе раководи со Младинскиот центар

Општина Охрид објави јавен повик за избор на организација на млади која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид.

На Јавниот повик право на учество имаат младински организации, организации за
млади кои се регистрирани согласно Законот за зрауженија и фондации („Службен весник
на Република Македонија бр. 52/10, 135/11 и 55/16) и Законот за младинско учество и
младински политики (Службен весник на РМ 10/20), како и формални и неформални
младински коалиции кои се активни на полето работа со и за млади.
Граѓанската организација потребно е да ги исполнува следните услови:
– Да е регистрирана повеќе од две години;
– Со решение да е запишана во регистарот за младински организации кој го води
АМС;
– Да има искуство и даден придонес во областа на младинсата работа;
– Да има стратешки план и годишна програма за работа за тековната година;
– Да има капацитет за раководење со буџет, но не помал од буџетот кој го побарува
со Предлог буџетот за спроведување на предложената програма од младинскиот
центар.
Организациите апликанти потребно е да достават соодветна програма за работа
на центарот преку која ќе се спровеува системска поддршка на личниот развој на младите
луѓе и нивното активно вклучување во животот на зедницата преку:
– Неформално образование: обучување и подучување на млади;
– Информирање, менторство и советување;
– Информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество
во забавни и волонтерски активности;

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани