Расте бројот на измами при интернет купување

Расте бројот на поплаки при интернет купување. Ризик има при секое пазарење онлајн. Дневно во ОПМ стигнуваат по  десеттина пријави за купување на интернет. Во ОПМ Охрид лани има 112 преставки, дури 30% од нив се однесуваат на купување од интернет. Осносно секој трет ден некој граѓанин се пожалил на кршење на неговите права како потрошувач.

Најчесто поплаките се од трговијата на социјалните мрежи, која што е нелегална.  Нема регистрирана фирма, нема данок, нема фискална сметка.

Измамени граѓани нарачале едно добиле друго, расипани, оштетени производи. Од ОПМ   ги повикуваат граѓаните да купуваат само од регистрирани онлајн продавници, со фирма, седиште, контакт телефон, а не од фејсбук и инстаграм страници.

-Имаме многу измами многу оштетени потрошувачи на прво место би кажал да не се пазари од непроверени интернет страни од Фејсбук и Инстаграм од каде енма да добијат сметка и никој не гарантира дека ќе го добијат производот кој го нарачале. Кога ке се плаќа на интернет да се внимава страната да има безбедност за интернет плаќање.  Претходната година добивме околу 112  поплаки и од нив 30% се однесуваат на интернет измами нарачале едно им стигнало друго. Да се внимава и да не се добие оштетен производ пред да го преземете бидјеки после немате право да се жалите,  изјави Вангел Спироски од ОПМ Охрид во утринската програма на МРТ.

Во отуство на институционални механизми за заштита, за поголема безбедност  потрошувачите се тие кои мора да внимаваат. Апелот е да се информираат, едуцираат  потрошувачите да ги знаат своите права.

-Да не наседнуваат на пораки каде се бараат лични податоци да не споделуваат матичен број. Лична карта за да нема злоупотреба Ако се случи тоа треба да се пријави до МВР или Државен пазарен инспекторат. 0245 Ние лани издадовме брошура за безбедност на интернет ја има и достапна е на страната на министерството за финансии и страната на ОПМ. додава Спироски.

Само во изминатата година до Државниот пазарен инспекторат пристигнале 1.200 претставки за измами при купување преку интернет. До Организацијата на потрошувачи лани стигнале 420 поплаки за измами при онлајн купување.

Новинар  Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани