Општина Охрид со силна поддршка за спортот

Општина Охрид и годинава со силна поддршка за спортот. Објави конкурс за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2025 година. Ќе се доделуваат награди и признанија за најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа, за остварени резултати во индивидуален и екипен спорт.

Право на учество имаат спортисти и тренери жители на Охрид, како и спортски екипи со седиште во општината, а предвидени се и посебни признанија за спортисти кои настапуваат надвор од Охрид, лица со посебни потреби, водени спортови, како и награда „Спортска легенда“ за животно дело.

Градоначалникот на Општина Охрид распиша и јавен повик за распределба на буџетските средства од Програмата за спорт и рекреација за 2026 година. Средствата се наменети за финансирање програми на спортски клубови, здруженија, манифестации, спортисти и тренери, со цел поддршка и развој на спортот како важен општествен сегмент. Од општината нагласуваат дека спортот има значајна улога во образованието, здравството, туризмот и промоцијата на градот.

Општина Охрид објави јавен повик за користење средства од општинскиот буџет преку субвенционирање на трошоците за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини Извори“ за 2026 година. Мерката се однесува на периодот од 1 јануари до 31 декември 2026 година и има за цел да им овозможи полесен пристап до спортските објекти на спортските клубови и корисници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани