Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление – Водици, беше извршено целосно чистење на охридското пристаниште. Екипите работеа на терен на уредување на просторот каде што традиционално се одржува спустот во езерските води и влегуваат капачите.
Пристапот кон езерото е исчистен од наноси од камења, песок и отпад, со цел да се обезбедат безбедни услови и непречено одвивање на празничната манифестација за сите учесници кои ќе се обидат да го фатат светиот крст.

