Регионален настан „Фер туризам“ во Охрид

Фер туризам, лојална конкуренција и сузбивање на сивата економија. Ова се главните цели на регионалниот настан што денес во Охрид го организираа Управата за јавни приходи и локалната самоуправа, со порака дека развојот на туризмот мора да се темели на еднакви правила за сите и навремено плаќање на данок.

Охрид како главен туристички центар во земјава  мора да биде пример за одржлив и уреден туристички систем.

-„Целта на Управата не е да казнува, да ги казнува даночните обврзници, туку да ги поттикне, да ја поттикне нивната свест, да ги поттикне со плаќање на данокот, да директно да учествуваат во развој на туризмот и другите јавни добра кои се од интерес за целото општество. Секако тоа е неопходно со меѓусебна работка на институциите, како Управата за јавни приходи, заедно со Општината Охрид од една страна, и од друга страна даночните обврзници почнувајќи од домакините на соби, апартмани, вили, исто така и хотелите, рестораните и другите угостителски објекти“, истакна ВЕСНА НИКОЛОСКА РИСТЕВСКА – координатор на УЈП – ПЕ Охрид.

Во Охрид има околу 3000 регистрирани станоиздавачи. Од локалната  велат дека фер услови за сите се предуслов за одржлив развој на туристичкиот сектор.

– „Особено е значајно да постои координирана и континуирана соработка помеѓу институциите, да имаме навремена информираност со цел да го развиваме бизнис секторот, затоа што туризмот е најзначајна алка во нашиот локален развој и секако ни е важно фер и лојална конкуренција која ќе придонесе да се развива туристичкиот сектор како целина“,изјави АНА КРСТЕВСКА – заменик-градоначалник на Охрид.

На работилниците  учествуваа претставници на Управата за јавни приходи, Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство, Комуналниот инспекторат, туристичко-угостителскиот сектор и Здружението ХОТАМ, како и сопственици на сместувачки капацитети.“

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани