89 новозаболени со корона во земјава

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 35 – Куманово 12 – Штип 27 – Прилеп 1 – Тетово 7 – Гостивар 1 – Струмица 1 – Кочани 4 – Свети Николе 1 Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регистрирани во: – Скопје 2 – Прилеп 12 – Велес 3 Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани