Охриѓанка казнета со 2000 евра

Охриѓанката излегла од домашна самоизолација и се шетала.

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, 45 – годишна охриѓанка, која не постапила според донесено Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со кое и била определена задолжителна домашна изолација со датум на започнување од 15 мај 2020 година. При проверка од надлежните органи, на 17 мај, обвинетата не била затекната во домот.
Обвинетата со своите дејствија го извршила кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното, обвинителството му предложи на судот на обвинетата да и изрече парична казна од 100 дневни глоби, со определување на секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска противвредност, информираат од ЈОРМ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани