„Струардеси“ доаѓаат во Охрид

Претставата „Стјуардеси“ на Театар Комедија гостува во Охрид.

„Стјуардеси” е најпродаваната театарска претстава во Република Македонија за 2014 година. Претставата ќе се одигра на 4-ти ноември од 20:00 часот во Центар за култура „Григор Прличев“ и тоа ќе биде нејзина 101-ва изведба. Пиесата – класична фарса на францускиот драматург Марк Камолети со оригинален назив „Боинг-Боинг“ е влезена во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција. „Стјуардеси” е најпродаваната театарска претстава во Република Македонија за 2014 година. Актерите Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино таа година за улогите во претставата го добија признанието најдобар млад актер, а следната година на манифестација „Златна бубамара“ претставата доби награда за претстава на годината.Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник 31 октомври. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани