Ресторантот „Парк“, некогаш беше еден од најубавите елитни ресторанти на Охридското крајбрежје.
Ресторантот „Парк“ беше вистински угостителски бренд и престижно место каде секој сакаше да дојде на кафе, да прави слави и прослави и да биде виден во блескавиот ресторантски амбиент. Ресторантот „Парк“ беше вистински крајезерски убавец, чии светла, ноќе силно сјаеа и ја осветлуваа крајезерската шир.Охрид, многу години живееше и се гордееше со „Парк“.

Денес, нема ништо од некогашниот сјај на „Парк“. Беден е ликот денес, на некогашниот ресторантски убавец и тажна е сликата гледајќи го „Парк“. Оставен и запуштен е ресторантот, тој се распаѓа а внатре, силна неподнослива реа на мувла се шири низ големата сала, која некогаш, низ бројните свадби и други прослави, со убаво облечени гости, наликуваше на светска модна писта.
Еден ден, „Парк“ можеби повторно ќе блеска и сјае и некои нови генерации ќе уживаат и ќе се гордеат со ресторантскиот сјај. Дотогаш, кај охриѓани ќе останат прекрасните некогашни спомени но и овие грди слики што денес го „красат“ „Парк“.







