Осветување на црквата посветена на „Покров на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс „Сите Светии“ во село Лешани.
Црквата е изградена најголем дел со манастирски средства и со помош на благоверниот народ. Почна да се гради во 2012 година, а градбата заврши во 2017 година. Осветувањето ќе го извршат надлжниот митрополит Дебарско – кичевски Тимотеј со свештенство и старешината на манастирот отец Вартоломеј. Овој храм се изгради со најголема љубов, ревност и заложба од отец Вартоломеј, неговата мајка Илинка и духовните чеда, а поткрепени и помогнати со молитвите на Мајката Божја и Сите Светии.
– Овој храм да го прими Бог како дар од нашата љубов и вера во него, како и благодарост за сите добрини што ги излеа врз нас, по молитвите на Пресвета Богородица и Сите Светии, изјави отец Вартоломеј.
Идејата дошла по појавување на чудото на денот на зачнување на света Ана – 22 декември, во 2004 година, кога во манастирскиот комплекс снемало струја во 22 часот и 30 минути. Отец Вартоломеј станал да земе свеќа да го осветли монашкиот конак, а мајка Илинка погледнала низ прозорецот да види дали има струја во селата Белчишта и Песочан. „Само што се доближив до вратата се појави силна светлина како од рефлектор, кога погледнавме убаво од западната страна тргнаа четири снопа светлина да се искачуваат.
Трепкаа како блицеви кон местото каде што сега е гостоприемливиот конак, како некој да го скенира. Наеднаш два пламени снопови застанаа на местото пред конакот, а другите два застанаа позади олтарите на двете цркви. Изгледаа како снопчиња. Маглива светла патека се постилаше и се собираше од камбанаријата до црквата, а таква светлина гледавме и по шумата. Од монашкиот конак до црквата патеката беше осветлена како авионска писта, како со свеќички, ѕвездички и целосно озарение на една благодатна светлина во црквата се познаваше. Буквално како илјадници свеќи да горат внатре. Ова се случуваше до две минути на полноќ. На две минути пред полноќ се осветли цел манастирски комплекс како напладне, како ден и точно на полноќ се собраа четирите пламени снопови во сред манастирски двор и исчезнаа“.
Во наредните шест месеци се чуствувала густина на благодетна сила и енергија. На шеститот месец, на 12 јули следната година на влезната врата од манастирскиот комплекс се појавил неракотворниот лик од Пресвета Богородица, а под нејзиниот лик раката на Господ Исус Христос, кој ги благословува сите добронамерни верници што доаѓаат на поклонение. По појаувањето на ова чудо во 2012 година почна да се гради нова црква посветена на Покров на Пресвета Богородица. Црквата се гради со средства од верниците и секој добронамерник може да помогне финансиски или материјално во изградбата на ова светилиште.
Во нареднот период планирана е изградба на монашки конаци за зголемување на монашкото братство и реновирање на гостоприемните соби за да може секој добронамерник верник да преноќи.
Идејата за изградба на црквата дошла по јавувањето на „чудото“ во манастирскиот комплекс на денот на зачнување на света Ана – 22 декември во 2004 година, кога се појавила силна светлина, во четири снопа. На две минути пред полноќ комплексот бил осветлен како напладне, а точно на полноќ четирите пламени снопови се собрале во сред манастирски двор и исчезнале. На 12 јули следната година на влезната врата од манастирскиот комплекс се појавил неракотворниот лик од Пресвета Богородица, а под нејзиниот лик раката на Господ Исус Христос, кој ги благословува сите добронамерни верници што одат на поклонение.