Општина Охрид со експресен план за решавање на проблемот со кучињата скитници. Новиот градоначалник најави дека во соработка со здружението „Анималија“ веднаш ќе отпочне стерилизација, нега и згрижување на бројните кучиња од градските улици.
Ќе се обучуваат вработените од комуналното претпријатие, а во втора фаза ќе се гради и стационар.
-„ Ние вака сериозно уште од пр момент пристапивме кон решавање на овој проблем кој што повторно ќе речам неможеме да го решиме одеднаш значи мора да отпочниме да го решаваме имаме ние и законски обврски кои тшо мора да ги испочитуваме во рамки на овој проблм но и мора да покажеме добра волја во решавање на проблемот на долг рок“, рече Јован Стојаноски градоначалник на општина Охрид.
Во моментов нема служба за третман на бездомните кучиња. Преку Центарот за развој на Југозападниот регион ќе се аплицира за изградба на заеднички стационар за општините Охрид, Струга, Дебарца и Ресен.
-„Како прва фаза мора да се почне на овој начин а потоа како следна фаза бидејки стационарот бара соодветна локација би бил регионален бидејки повеќе општини се заинтерресирани и го имаат овој проблем“, вели Мирјана Лозаноска од Југозападниот регион.
Бездомните кучиња се долгорочен проблем, но и срам на туристички Охрид. Изминатите години во градот беа регистрирани неколку напади од улични кучиња. Беа повредени деца , но и возрасни граѓани.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ



