Ќе се делат хуманитарните пакети за социјално загрозените

Активностите во рамките на кампањата за Неделата на борба против гладта кои во организација на Црвен крст Охрид се одвиваа од 17-23 Октомври, деновиве финализираат со распределба на хуманитарните пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена, на ранливата категорија на граѓани со низок социјално-економски статус.

-Кампањата ја оценуваме како успешна и изразуваме благодарност на сите поединци, компании, здруженија, фирми, училишта и институции кои со својот допринос во оваа хуманитарна акција, помогнаа на повеќе од 200 социјално загрозени семејства од Охрид и Дебарца.
Наш партнер во кампањата за Неделата на борба против гладта и оваа година беше Општина Охрид и Градоначалникот Јован Стојаноски, кој денес, 08.11.2017 г. во 9:30 ч. пред седиштето на Црвен крст Охрид, ќе подели хуманитарни пакети на 70 социјално загрозени семејства од Охрид, информираат од Црвен крст Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани