Граѓаните на Охрид со спортиставени мсилења за 32 метри високото минаре, кое според проектот е се гради на Алипашината џамија среде охридската чаршија.
Христијаните децидни дека такво минаре е непотребно во центарот на градот на православието. Дека со такви исламски обележја некој се обидува да го ребрендира Балканскиот Ерусалим.
Првенствено никој не може да докаже дека пред стотина години постоело толку високо минаре од остатоците и фотографиите точно не може да се определи висината. Никој нема против реконструкцијата и заштитата на врендиот споменик на културата, но едногласно се против толку високи обележја кои ја менуваат визурата на градот Охрид.
Турските џамии беа сите по 15 до 20 метри минариња, пониски сигурно. Овие сега 30 мети во строг град. Не е ова Истанбул еве им имаат џамии. Луѓето, туристите кога ќе дојдат во Охрид ке се збунат каде се наоѓаат , дали се во некоја муслиманска држава или православна држава,вели еден охриѓанец.
-Толку високо не нормално не смее да се гради, ги разбираме дека си сакаат да го обноват тоа што било. Толку високо во центар не, вели една охриѓанка.
– Не јас мислам не е тоа во ред. И нема ни да биде тоа. Не треба да се гради толкаво минаре и нема да се изгради нема да дозволиме ,вели трет охриѓанец.
Наспроти христијаните, муслиманите сметаат дека минарето било и треба да биде повторно обновено.
-Треба да се изгради, да се реконструира минарето. Тоа постоело во минатото, вели еден верник.
-Како вие градите цркви крстови, така и ние ќе градиме минариња. Колку е висок крстот на Водно? Епа ќе има минаре 32 метри и повисоко, вели друг муслиман.
Ова се стари фотографии како некогаш изгледала цамијата, но од нив никој не може да ја процени висината на минарето.
.jpg)
.jpg)
