Градоначалникот Мерко е нов претседател на Советот за развој на југозападниот регион

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е избран за нов претседател на Советот за развој на Југозападниот регион.

Во својство на претседател на Советот за развој на југозападниот регион, Мерко најави ангажман за зголемување на средствата наменети за осумте региони во државата и деветте општини што му припаѓаат на регионов, со цел да се достигне законското решение од еден насто од домашниот бруто производ да биде ставен во функција на регионалниот развој но и низа проекти со кои ќе се аплицира до повеќе ресорни министерства и надворешни инстанци. За следната година, претседателот Мерко најави  рализација на повеќе регионални проекти во вредност од 40 милиони денари.Претседателот Рамиз Мерко, заедно со Мирјана Лозаноска-раководител на Центарот за развој на Југозападниот плански регион,  ги предадоа во употреба реконструираните простории на Центарот извршено со буџетски средства а во рамки на проектот Енергетско-ефикасни објекти, имплементиран во шест општини од Регионот. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани