Реакции и протести, Заев и Груевски на средба кај Иванов

По приведувањето на екс функционерите и пратениците за настаните поврзани со крвавиот четврток од вчера попладне пред кривиен суд протести и  блокади на улици.

Лидерите на двете најголеми македонски патии Заев и Груевски доцна  синоќа беа повикани на средба во кабинетот на Иванов. 

-Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија. Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина, се наведува во соопштението на Кабинетот на Иванов.

И претседателот Иванов вчера во својата вонредна изјава истакна дека  „за Заедничка Макеоднија“  не е терористичка организација. 

 Ја поддржував и ја подржувам иницијативата „За заедничка Македонија“. Учесниците во неа, граѓаните, сплотени ја демонстрираа идејата за заедништво и тие не смеат да бидат третирани како терористико здружение. Со реваншизам и со демонстрација на сила се генерира поларизација. Повикувам на разум и одговорност на надлежните институции кои мора да го почитуваат Уставот и законите. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми – рече Иванов.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани