Крадец од Гостивар е фатен во Струга, тој бил вешт во кражбите, сторил неколку тешки кражби и одземал возила.
Струшките полицајци, вешто му поднесле кривична пријава.Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од Гостивар поради постоење онови на сомнение за сторени пет кривични дела и тоа: три кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „одземање на моторно возило “.
-Пријавениот, на седми овој месец во канцеларија на такси компанија одзел пари и два пара клучеви од возило, а потоа одзел патничко возило ,,Опел Астра” кое било паркирано пред канцеларијата. На седумнаесетти месецов, во автомеханичарска работилница одзел 1.000 денари. Истиот ден, во салон за керамички плочки одзел клучеви од патничко возило паркирано пред салонот, го запалил и се упатил во непознат правец со што причинил матерјална штета од 250.000 денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.