По приведувањето на екс функционерите и пратениците за настаните поврзани со крвавиот четврток од вчера попладне пред кривиен суд протести и блокади на улици.
Лидерите на двете најголеми македонски патии Заев и Груевски доцна синоќа беа повикани на средба во кабинетот на Иванов.

-Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија. Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина, се наведува во соопштението на Кабинетот на Иванов.
И претседателот Иванов вчера во својата вонредна изјава истакна дека „за Заедничка Макеоднија“ не е терористичка организација.
Ја поддржував и ја подржувам иницијативата „За заедничка Македонија“. Учесниците во неа, граѓаните, сплотени ја демонстрираа идејата за заедништво и тие не смеат да бидат третирани како терористико здружение. Со реваншизам и со демонстрација на сила се генерира поларизација. Повикувам на разум и одговорност на надлежните институции кои мора да го почитуваат Уставот и законите. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми – рече Иванов.
