Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заедно со шефот на Делегацијата на Европската Унија, г. Самуел Жбогар и постојаната претставничка на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон, , денес во Струга, ќе го отвори дводневниот Форум “Децентрализизацијата повторно во фокус”, на кој ќе присуствуваат градоначалниците на сите 80 општини.
Конференцијата ќе се одржи во хотел Изгрев-Струга, со почеток во 16.00 часот.
На Конференцијата ќе учествува и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, чие присуство е потврдено за вториот ден, на 1-ви декември, на сесијата Дијалог со премиерот, од 11.00 до 13.00 часот.
