Стружанец со чаши и нож нападнал сограѓанин

Страшен и непријатен настан ги вознемирил гостите во ноќен клуб во Струга откако гостин бил нападнат со чаши и нож. Напаѓачот добил кривична пријава.

Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична против С.К. (29) од  Струга.

-Пријавениот, казненото дело го сторил на дванаесетти овој месец во 02 часот и 30 минути во ноќниот клуб „Оаза“ лоциран на улицата „Пабло Неруда“ во Струга. Пријавениот, без посебен повод започнал да фрла чаши по Ј.П. (31) од Струга, кој се наоѓал на шанкот во клубот, започнал караница и веднаш извадил нож со кој замавнувал кон него упатувајќи му сериозни закани по неговиот живот. За кратко време реагирале овластените работници од агенција за обезбедување кои го отстраниле пријавениот од угостителскиот објект и ги известиле полициските службеници, информира м-р Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани