Ќе се гради пешачка патека од Саат кулата до црквата Света Сава во стариот дел на градот.
Овој проект е дел од низата кои ќе ги финансира Југозападниот плански регион. Ќе биде конечно уреден и плоштадот „Табана“ и улицата „Коста Абраш“.
Меѓу останатите проекти се и реконструкција на кровот на градинка „Развигорче“, промена на системот за греење во „Росица“.
Како и изработка на проектно – техничка документација за реконструкција на улиците „Абас Емин“, „7-ми ноември“ и патот до црквата Св.Атанасие во селото Горно Рамне, информира градоначалникот Стојаноски.
