Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ публиката уживаше во премиерата на најновата претстава на охридскиот народен театар.
Претавата „БААЛ“ , како што ја опишува реежиесерот Андреј Цветаноски е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме.
Во претставата играше актерска епипа од Охридскиот театар и тоа: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Дамјан Цветановски, Стрезо Стаматовски,Биљана Билаловиќ-Вељаноска, Павел Маслов, Филип Кипровски иТони Денковски.
Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата-Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.
Горан Стојаноски го толкува ликот на Баал, човек кој се бори против конвенционалноста, а чие име на бог пандан на Дионис. Во претставата цело време струи еден специфичен вид на енергија, исполнета со емоционална сила.