Охрид букиран за Новогодишните празници

На дваесеттина денови до најлудата ноќ Охрид распродаден за Новогодишните празници.

Градот се очекува да биде преполн со гости. Хотелските капацитети се речиси целосно резервирани.

Најголем број од најавените туристи по традиција се од соседните земји Бугарија, Србија и Албанија.

– „Гостите кои доаѓаат во хотелите се задоволни со понудата што се случува во самиот хотел меѓутоа во Охрид имаме голем број на апартмани вили кои што би привлекле многу туристи но тоа би се случило доколку навремено се знае што ке се случува за Нова година„, вели Тоше Чочороски хотелиер.

Што ќе се случува во главниот туристички центар, дали ќе има спектакуларен масовен дочек се уште не се знае. Од локалната засега не откриваат, но најавуваат изненадување.

– „ Треба и тоа како дополнителни содржини кои што би го збогатиле амбиентот атмосферата во самиот град дека доаѓа нова година дека се случува Нова година. 0531 Треба дефиниција за самата вечер мегутоа и за трите веери додека траат новогодишните празници“, додава Чочороски.

Охрид веќе е потврдена атрактивна балканска дестинација за новогодишните празници.
Во празничен, накитен амбиент и богата забава, “блескавиот” Охрид ќе се погрижи гостите да имаат незаборавен престој.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 Тв 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани