Двајцата тешко повредени од синоќешната сообраќајка кај ресенско Крушје, се префрлени во болниците во Скопје и Битола.
Во синоќешната тешка сообраќајка кај ресенското село Крушје, тешко се повредени двајца возачи на автомобили. Според МВР, во несреќата учествувале „Лада“ со вевчански регистерски ознаки управувана од С.П. (39) и автомобил „Опел“ со охридски таблички управуван од 42 годишниот охриѓанец Љ.Ч. Во случената сообраќајка,со тешки повреди се здобиле двајцата возачи-Љ.Ч. бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ од каде по укажаната лекарска помош е препратен во Клиничкиот центар во Скопје, додека С.П. е пренесен и задржан на лекување на битолската болница. Сообраќајот до завршувањето на увидот беше во прекин во двата правци.