Палмите на охридскиот кеј, ќе се заменуваат си јапонски цреши или врби.
Од ЈП „Охридски Комуналец” велат се чека одлуката на новоформираната општинска комисија која што деновиве треба да одлучи кои дрва ќе бидат искорнати.
„Ние немаме намера зимава да ги покриваме палмите на кејот, бидејќи тоа е во надлежност на Македонски шуми. Се покажа дека тие не се автохтони дрва за нашето поднебје и затоа доживеаја таква судбина да се сушат поради студот. Размислуваме покрај градскиот кеј и на други места да посадиме јапонски цреши или врби. Тоа треба да го одлучи новата општинска комисија”, изјави Љупчо Грдановски, директор на „Охриски Комуналец„ за порталот СДК.мк.
Голем дел од палмите се веќе исушени.
