Двајца кумановци го одбрале Охрид за продажба на хероин

Маж и жена од Куманово, го одбрале Охрид за продажба на хероин. Тие изнајмиле куќа и тука, од поголемата количина хероин правеле помали паковања што ги продавале на наркозависници од регионот.

Според соопштението од Канцеларијаара за односи со јавноста при СВР Охрид,поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори”, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривични пријави против С.Н. (31) од кумановското село Лопате и А.М. (39) од Куманово.
-Пријавените, кон крајот на минатата година набавиле поголема количина на опојна дрога хероин светло кафеава боја и во изнајмена куќа во Охрид, вршеле нејзино препакување во помали количини запаковани во најлонски паковки. Истите, понатаму ги продавале на повеќе наркозависници од регионот, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


Портпаролот Димоски вели дека при извршен претрес во изнајмената куќа што пријавените ја користеле, полициските инспектори пронашле дел од непродадениот хероин како и извесна количина кофеин-медикамент кој влегува во групата на стимуланси а на илегалниот пазар се користи како додаток во хероинот со цел да се зголеми неговата маса.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани