Утрово куче нападна малолетно дете во центарот на Охрид. Според очевидците нападот се сучил одеднаш.
Кучето почнало да лае и да го каса детето на десната нога. За среќа успеале да го оттурнат и да избега.
Момчето поминало со мали повреди и гребнатинки, а случајот родителите го пријавиле и во полиција.
Според сведоштвата на очевидците кучето имало каиш на вратот, но пуштено само на улица.
-„Кучето има сопственик кој што живее во близина на поранешната автобуска. Го препознавме., но тоа секој ден е пуштено само. Се работи за потполна негрижа“, раскажуваат очевидци во изјава за Охриднет.ком.
Македонија пред голем предизвик. Од една страна напади на кучиња, а од друга масовни труења. Итно е потребно решение на овој проблем.
