Професионален дресер на кучиња од Охрид предлага измени во законот за заштита од напади, кои зачестија последниов период. Ефто Стојаноски ја изработи првата предлог програма која ќе ја достави до Владата и локалните самоуправи.
Еден од клучните предлози е агресивните кучиња, кои напаѓаат деца, било да се бездомни или имаат сопственик, да се заловуваат, да се чуваат во мини стационар и да се работи со нив, доколку неможе да се припитомат тогаш истите да се усмртуваат.
.jpg)
– „Предлозите за модерни стационари се нереални зато што тоа е прескапо и за македонските опптини е неизводливо. Во иднина можда ќе биде и тоа ама дотогаш предлагаме да се отворат мини стационари од неколку бокса само со шинтерска група која ќе ги заловува само кучињата кои го прават проблемот а тоа се опасните кучиња“, додава Стојаноски.
Главна причина за кучешките напади е неправилното чување и дресирање. Со измените тој предлага сопствениците кои чуваат агресивни раси да мора да бидат едуцирани за тоа, а силните кучиња да мора да се водат со корпа.
.jpg)
-„ На пример пит бул, ротвајлер кои што реагираат питомо и сопственикот е во заблуда дека кучето му е питомо а уствари е многу опасно посебно за напади на деца и бебиња. Значи кучево реагира питомо и одеднаш ќе направи некоја трагедија. Таквото куче мора да се носи со корпа на улица“, вели Ефто Стојаноски дресер на кучиња.
Поттик за предлог измените во законот, за охридскиот дресер, се усмртената жена во Центар Жупа, која кучиња ја растргнаа до смрт и изеденото двегодишно момче во Кичево. Двете трагедии се случија минатата година. Но речиси секојдневно низ земјава има кучешки напади.
Вчера куче нападна малолетно дете во центарот на Охрид, а во текот на изминативе денови во градот на повеќе локации има масовно труење на кучиња.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ
ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЦЕЛАТА ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА:
Предлага – Ефто Стојановски (дресер на кучиња)
1. ВОВЕД
Во светот, но и кај нас (во Република Македонија) кучињата се присутни како домашни миленици или како кучиња за разни намени. Нивниот број е во постојан пораст, како што е во пораст бројот на друштвата за засштита на животни. Нив ги има секаде и тие се многу активни. Присутни се во весниците и на социјалните мрежи, во министерствата, општините, училиштата. Се заложуваат за нови правила и закони, за вдомување, хранење и згрижување на бездомните кучиња. Се ова е хумано кон животните, но се забораваат луѓето кои се плашат од кучињата затоа што ги има секаде и затоа што стануваат се поагресивни. Но, кога ке се случат напади од кучиња на луѓе, друштвата за заштита на кучињата како да не постојат. Или вината ја фрлаат врз жртвите.
2.Поделба на кучињата во групи
-За да биде појасно тоа што го предлагам, кучињата ќе ги поделам во групи, според степенот на нивната агресивност, темперамент, а и физичка сила.
-Степеност на агресивност кај секое куче треба да се одреди пред да се случи напад, а не како досегашната пракса, одкако ќе се случи напад. Нема потреба од формирање скапи комисии кои утврдуваат дали и колку кучето е агресивно одкако ке нападне или ќе искаса некого, туку доволно е едно овластено и обучено лице во секоја општина кои ќе утврдува дали кучето е опасно или не пред да се случи напад , а ќе има и повеќе други задолженија кои ќе произлезат од оваа програма.
а. Мирољубиви кучиња
- Кучињата кои по провокација не напаѓаат на луѓе, животни и други кучиња се мирољубиви кучиња.
б. Агресивни кучиња
- Кучињата кои без провокација, а и по провокација напаѓаат луѓе, животни и други кучиња се агресивни кучиња.
в. Опасни кучиња
- Кучињата кои се агресивни, а физички силни се опасни кучиња.
г. Многу опасни кучиња
- Кучињата кои напаѓаат на деца, а физички се многу силни се многу опасни кучиња.
3.Барање до агенцијата за храна и ветеринарство
-Промена во постоечкиот закон за заштита и благосостојба на животните – член 24, став 2
а. Сегашниот текст: регистрираните кучиња кога се на јавно место треба да бидат врзани, со исклучок на ловечки кучиња за време на лов и овчарски кучиња кои придружуваат стадо.
- Измена: регистрираните кучиња (агресивни кучиња, кучиња обучени за разни чуварски намени и кучињата од расите: пит бул, американски стафорд, ротвајлер, дога, тосаино итн.) на јавно место треба да се водат заврзани со поводник и заштитна маска со исклучок на ловечките кучиња за време на лов и овчарските кучиња кои придружуваат стадо, а се мирољубиви спрема луѓе, домашни животни и други кучиња.
- Напомена: овчарите и ловците, многу лесно можат да ги воспитаат своите кучиња да не се агресивни на луѓе, други кучиња и домашни животни. Работа на овчарските кучиња е да ги штитат стадата од волци, а работата на ловечките кучиња е да го гонат дивечот. Денес е страшно да бидеш во близина на овчарски кучиња (трагедијата со детето од Кичево). Во помала мера слично е и со ловечките кучиња.
-ПРИФАЌАЊЕ И ВКЛОПУВАЊЕ НА СЛЕДНИТЕ ПРЕДЛОЗИ ВО ПОСТОЕЧКИ ИЛИ НОВИ ЗАКОНСКИ ТОЧКИ
а. Сопственикот кој на јавно место го шета своето куче со поводник, но без заштитна маска, треба да има писмена потврда за тоа. (потврдата ќе ја издава овластено стручно лице од надлежното министерство во секоја општина, по предходна проверка на кучето, а дозволата ќе трае ограничено време) Овластеното лице ќе издава потврди и за слободно носење на куче без поводник и без заштитна маска кога кучето е на терен и е обучено за посебни намени како на пример службените кучиња за откривање на дрога, експлозив и сл. па кучињата спасители и кучињата обучени за разни спортски, кинолошки и културни претстави.
Напомена: Во постоечкиот закон не е прецизно кажано што со мирољубивите кучиња и кој ќе утврди дали кучето што се шета на јавно место со поводник, а без заштитна маска, е мирољубиво или не, што е проблем и за сопствениците и за полицајците, а и за судиите.
Процедурата за проценка на степенот на агресивност кај кучињата треба да биде наједноставна, кратка и од едно овластено лице во секоја општина, а цената за тоа прифатлива за сопствениците за кучиња.
Никогаш до сега службените кучиња не се третирале исто како и приватните. Правилата треба да важат за сите подеднакво.
б.Со закон треба да се овозможи право на самоодбрана на луѓето при напад од куче и право луѓето да можат да одбранат други луѓе, домашни животни или други кучиња.
Денес доколку се браните или браните друг човек, домашно животно или куче од напад на куче ќе бидите вербално а и физички нападнати од други луѓе а и законски ќе одговарате за малтретирање на агресивното куче. По светот има повеќе случаи каде што нападнатите луѓе од опасни кучиња завршиле дури и трагично, а присутните луѓе не им помогнале плашејќи се да не бидат обвинети за малтретирање на ќучето.
в. Опасните кучиња каде нема сигурна ограда мора да бидат во безбеден бокс затворен и од горната страна.
Напомена: Многу честа појава е опасни и многу опасни кучиња да се заврзуваат во дворовите и имотите каде нема безбедна ограда дури и во најпрометните улици со луѓе. Во овој случај опасноста за минувачите е голема, затоа што има повеќе можности кучето да се ослободи.
г. Кучињата од расите пит бул и американски стафорд, без разлика дали се мирољубиви треба да се чуваат во безбеден бокс покриен и од горната страна, а имотот или дворот да има безбедна ограда.
д. Да се забрани свесно обучување, аматерско или професионално на кучињата од расите пит бул и американски стафорд за чуварската намена, чување на двор или имот, освен чуварската намена куче – телохранител.
Напомена: Чување на двор или имот значи дека кучето ќе нападне секого кој ке влезе во дворот или имотот, а е непознат за кучето. Поради огромната сила и посебен темперамент овие две раси се премногу опасни за таква намена.
Куче –телохранител е куче кое не напаѓа ни по провокација, освен доколку добие наредба од својот сопственик, а од кога ќе нападне по наредба исто по наредба ќе се повлече и потполно ќе се смири.
ѓ. Професионално обучените кучиња за разни чуварски намени треба да бидат евидентирани како такви и за која намена се обучени, а лицата кои ги водат треба да имаат потврда за завршен курс за водење на чуварско куче.
е. Сопствениците кои водат куче од расата пит бул, американски стафорд, ротвајлер, тосаино, дога итн. треба да се едуцирани за водење на такво куче.
ж. Кучињата од расите пит бул, американски стафорд, ротвајлер, тосаино, дога итн треба повремено да се проверат дали агресивно реагираат кон мали деца и бебиња.
з. Како што во постоечкиот закон стои дека дворовите каде што има куче треба да бидат видно одбележани со плаката “пази куче”, исто треба да бидат одбележани и становите во кои има куче, без разлика дали е кучето мирољубиво или не.
ѕ. Кучето за кое ќе се утврди дека спаѓа во групата на многу опасни кучиња, кучиња кои напаѓаат деца и бебиња, ќе мора да се одвикне од тоа или ќе се ефтанизира.
Ваквите кучиња можат да се одвикнат од агресивноста кон деца и бебиња, за што е потребна професионална дресура од најмалку еден месец.
и. Сопственикот кој ќе забележи дека неговото куче реагира на деца и бебиња должен е веднаш да пријави кај надлежно лице.
ј. Треба да се забрани давање на кучињата бебешки кукли и кукли на животинки за игра и слично.
Оваа појава е многу честа кај сопствениците на кучиња. Опасно е тоа да се прави и со било која раса, а посебно со кучињата од расите пит бул, американски стафорд, ротвајлер, тосаино, дога итн.
к. Треба да се забрани неправилно хранење и милување на кучињата скитници (бездомните кучиња) на јавно место како пред стамбени објекти или домови доколку кучињата се присутни и тоа го гледаат.
Кога им се дава храна на бездомните кучиња, кучињата тоа не треба да го видат а и не треба да бидат галени и милувани особено со мили зборови – душички, златни тие, мили, греотички итн затоа што со тоа голема е веројатноста истите тие кучиња кои до тогаш биле мирољубиви одеднаш да станат агресивни кон другите луѓе кои не ги познаваат.
Граѓаните кои ги хранат и милуваат бездомните кучиња на таков неправилен начин, треба да се третираат како сопственици на тие кучиња, а со тоа да ги сносат и сите несакани последици.
л. Кучињата скитници (бездомните кучиња) пред да се вдомат треба да се проверат од надлежно стручно лице дали се агресивни.
Има многу случаи кога после вдомувањето кучето ги нападнало луѓето кои ги вдомиле.
Дали е кучето агресивно треба да утврди овластено стручно лице од министерството или општината.
љ. Во парковите за кучиња не смеат да се внесуваат мали деца и бебиња.
м. Во парковите за кучиња, кучињата од физички многу силните раси и посебен темперамент (пит бул, американски стафорд, ротвајлер, тосаино, дога итн) може да бидат слободни но со заштитна маска.
н. Опремата за водење на куче на јавно место треба да биде потполно сигурна. Поводник според силата и степенот на воспитаност на кучето, околу вратник и давилка како осигурувач, или дисциплинка (која не ја препорачувам за аматери) со додатен околувратник како осигурувач затоа што дисциплинките многу лесно се одпуштаат. Кучињата кои мора да носат заштитна маска, треба да имаат маска затворена од предниот дел.
4. Отварање на мини стационари во кои ќе се сместуваат само – опасни, многу опасни кучиња и кучињата од физички многу силни раси, кои имаат посебен карактер и темперамент. (пит бул, американски стафорд, ротвајлер, тосаино, дога итн )
Отварањето на мини стационар за прибирање само на опасните, многу опасните и физички многу силните кучиња (пит бул, американски стафорд, ротвајлер, тосаино, дога итн) е финансиски најприфатливо решение за општините, а и најбрзо и најефикасно решение за намалување на ризикот од кучешки напади. Во иднина кога општините ќе бидат во можност да отворат стационари според европски стандарди или привремени регионални стационари за згрижување на сите бездомни кучиња, мини стационарите ќе продолжат со работа во склоп на големите стационари.
а. Ќе се заловуваат и сместуваат во стационари кучињата кои се движат слободно без сопственик на јавно место, а спаѓаат во групите на – опасни, многу опасни кучиња и кучињата од расите – пит бул, американски стафорд, ротвајлер, тосаино, дога итн без разлика што ќе изгледаат мирољубиво.
б. Домашните кучиња за кои ќе се утврди дека спаѓаат во групата на многу опасни кучиња кои напаѓаат на деца, ќе се одземат од сопственикот и ќе се сместат во стационарите.
Најголем број од опасните кучиња кои се слободни по улиците по слободна проценка, се домашни кучиња кои поради разни причини се на улица.
Најстрашно од се е кога на улица би излегло домашно куче, кое спаѓа во групата на многу опасни кучиња кои напаѓаат на деца.
Доколку на јавно место поради која било причина излезе куче од групата многу опасни кучиња, ќе биде страшна опасност за секое дете под 4 годишна возраст или бебиња без разлика дали бебињата се носат во раце или во количка. Тоа е опширно објаснето во мојата книга (“Зошто кучињата напаѓаат деца”).
в. Степенот на агресивност на кучето ќе го процени овластено стручно лице.
г. Хумано заловување и чување во стационар не повеќе од една – две седмици.
д. Доколку се појави сопственикот во текот на седмицата за да си го земе кучето, ќе ги плати трошковите за заловувањето и чувањето. Доколку не се јави сопственикот, кучето ќе биде подарено или во краен случај ќе се ефтанизира.
ѓ. Доколку во стационарот дојде куче кое спаѓа во групата многу опасни кучиња кои напаѓаат деца, а се јави сопственикот кој сака да си го земе кучето ќе ги плати трошковите и ќе мора да најде професионален дресер кој ќе го преземи кучето, а ќе има обврска најдоцна за еден месец да докаже пред одговорно стручно лице дека кучето е одвикнато од агресивноста кон деца. Во спротивно кучето ќе биде ефтанизирано.
е. Одлука дали некое куче ќе се ефтанизира поради агресивност – опаснот ќе донесе одговорното стручно лице.
ж. Државата или општините финансиски да помогнат на сопствениците за чипување на кучињата.
Чипувањето на кучињата во многу ќе допринесе за поголема безбедност на луѓето.
5.Едукација
Досегашната, најчесто, неправилна едукација на сопствениците на кучиња, а и општо на граѓаните од страна на поединци или организирани групи користејќи разни средства за информирање како на пример, интернерот, телевизиите а и активности директно на терен дури и организирани незаконски едукации врз децата по основни и средни училишта итн во многу допридонесува сопствениците не сакајќи да направат агресивни кучиња. Често пати такви погрешни едукации се случуваат и по разни телевизиски емисии.
а. Едукација на младите по основните и средните училишта и вработените – воспитувачките по детските градинки.
Оваа едукација треба да ја врши стручно лице од општината со дозвола од надлежните министерства а програмата за едукација треба да биде дозволена.
6. Медиумска едукација
Новинарите треба многу да внимаваат што ќе објават во врска со кучињата. Често се случува она што ќе го пренесат на граѓаните да биде погрешно. Се што ќе се каже во јавноста преку новинарите а е погрешно или не стручно кажано, ќе има огромно влијание врз граѓаните, а посебно врз сопствениците на кучиња. Едноставно и граѓаните, а и сопствениците на кучиња ќе се стават во заблуда па од своето куче не сакајќи ќе направат куче кое може да биди опасно и за непознатите а и за сопствениците. Правилната едукација на граѓаните, љубителите и сопствениците на кучиња во многу ќе ја подобри безбедноста на луѓето од кучешки напади.
а. Едукација на сопствениците на кучиња како да ги чуваат и воспитуваат своите кучиња да не бидат агресивни кон луѓе, деца, бебиња а и кон домашни животни и други кучиња.
б. Едукација на граѓаните како да избегнат несакана ситуација и како да постапат доколку дојдат до средба со агресивни кучиња.
в. Едукација на граѓаните кои имаат мали деца под 5 годишна возраст.
г. Едукација на граѓаните и сопствениците како да спасат човек или друго животно кое е нападнато од куче.
д. Разни емисии со кучиња кои се обучени за разни намени.
7. Организирање на спортски културни и разни други натпревари и претстави со обучени кучиња за разни намени
Таквите претстави не само што ке бидат голема забава на луѓето и децата, тоа е и многу добар метод за борба против крволочните борби на кучиња затоа што кога младите а и возрасните ќе видат што се можат кучињата да постигнат, ќе им се восхитуваат на нивната способност и знаење, па така ќе посакаат да имаат или да гледаат такви кучиња а не кучиња кои ќе се борат до смрт.
Општините треба да дадат финансиска, просторна и секаква друга поддршка за таквите представи.
8. Заклучок
Со изготвувањето, прифаќањето и примената на оваа програма драстично ќе се намали бројот на агресивните кучиња по улиците а едновремено ќе се намали бројот на кучешките напади и од кучињата по улиците и од кучињата по домовите, кои напаѓаат заради разни причини.
Со оваа програма ќе се намали ризикот и од застрашувачките напади врз деца и бебиња, кои се случуваат во светот, а голема е веројатноста зачестено да почнат да се случуваат и кај нас.
СО ЗАШТИТА НА ЛУЃЕТО ОД КУЧЕШКИ НАПАДИ, ЌЕ СЕ ЗАШТИТАТ И КУЧИЊАТА ОД МАСОВНИ ТРУЕЊА И УБИВАЊА.
Автор на предлог програмата
Ефто Стојановски – дресер на кучиња
