„И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“

Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот, во пресрет на претстојните празници, лансира нова кампања „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“.

Се бројат деновите до крајот на 2017 година и почетокот на новата календарска година. Годината што помина останува позади нас. За некои беше успешна, за некои помалку успешна, за некои, за жал, трагична. Статистичките податоци покажуваат дека во 2017 година бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди е намален во однос на претходната година, но и покрај тоа, бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, сеуште е голем.Во 2017 годината, за жал, голем број на лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, голем број се здобија со телесни повреди. Многу семејства оваа година ќе ја завршат без некои од своите блиски и драги членови.Периодот на новогодишните и божиќните празници е карактеристичен по големиот број веселби, изобилство на алкохол, забави до раните утрински часови, проследени со интензивен сообраќај, долги патување, смрзнати коловози… По тој повод, РСБСП со нова кампања под мотото: „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“.Кампањата ќе се реализира преку електронски медиуми, социјалните мрежи, билбордите и во локалите и објектите каде што младите ќе се забавуваат во пресрет на најлудата ноќ.
„Оваа кампања е креирана во духот на позитивното празнично расположение, а преку љубовта и припадноста што се отсликуваат во неа,целиме кон тоа,да ги потсетиме сите учесници во сообраќајот дека за новогодишните и божиќните празници најважно е да стигнеме здрави, живи и безбедни во своите домови и празниците да ги поминеме во кругот на семејството и пријателите. Идејата на РСБСП е новата 2018 година да ја започнеме со мисла,со надеж и со верба,дека овaа треба да биде најбезбедната година до сега.“ – велат од РСБСП.
Да ја дочекаме новата година со позитивна мисла и со желба да донесе побезбеден сообраќај, побезбедни патиштата, одговорни возачи, здравје и подолг живот за нас и за нашите блиски.Нашата желба, нашето мото, нашата цел е 2018 година да биде најбезбедна досега. Да се намали бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди, е желба на сите граѓани – на сите учесници во сообраќајот.За оваа желба да стане реалност потребна е поголемa лична и колективна свест и одговорност. Секој поединечно и сите заедно можеме да го направиме сообраќајот да биде безбеден и сигурен. Од нас самите зависи, од нашата култура , од нашата желба, толеранција, дисциплина. Од тоа колку ќе ги почитуваме сообраќајните правила и прописи. Последиците од сообраќајните незгоди се премногу сериозни за да бидеме комотни во сообраќакјот, затоа во 2018 година бидете позитивен пример и дајте го својот придонес за побезбеден сообраќај. РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не возат брзо и да не возат под дејство на алкохол. Новогодишните прослави највесело и најбезбедно ќе ги поминете доколку се одлучите на нив да заминете без својот автомобил.
Нека 2018 година биде најбезбедна досега! – “Вози Одговорно!“

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани