Радолиштанец пукал кон охриѓанец на „Туристичка“

Познато е лицето кое неодамна со пиштол пукаше врз охриѓанец на булеварот „Туристичка“. Тој заработи кривична пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против против Г.М.(36) од струшкото село Радолишта,поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против А.Т. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање на сторител во извршено кривично дело”. На десетти овј месец, на булеварот „Туристичка“, по кратка расправија која прераснала во тепачка помеѓу пријавените со С.М.(34), првопријавениот Г.М. извадил пиштол и со еден истрел го погодил оштетениот со што му нанел тешки телесни повреди.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани